Piccolino - Детски душек со ароматераписко дејство

  • бонел јадро со пружини
  • душек наменет за детски креветчиња
  • мек тип на душек
  • облога од полиуретанска пена и абака влакна
  • антибактериска навлака
  • висина на душекот: 23 цм

Мек тип на душек наменет за деца од претшколска возраст. Облога со абака влакна (т. н. морска трева) на ткаенина од јута, природен материјал од растително потекло, што му овозможува на душекот максимална мекост проследена со анатомски и ергономски својства кои одговараат на потребите на детето. Благодарение на присутноста на етеричните растителни есенции во влакната, абака душекот поседува својства на антибактериско дејство, со што потпомага за телесното и духовното здравје на лицето кое спие. Освен тоа, дејството на природното влакно абака не е подложно на статичко електризирање како синтетичките материјали, и токму затоа обезбедуваат чувство на благопријатност, притоа елиминирајќи го чувството на жештина и потење.
Благодарение на комбинацијата на користени материјали, душекот ја задржува и регулира телесната температура на лицето кое спие, притоа ја презема на себе влагата (потта), која поради врвните услови за струење на воздухот не се задржува во структурата на душекот.

Иновативната PLATINUM CARE 3D FOR KIDS навлака проткаена со сребрени нити обезбедува врвен анти-бактериски, анти-статички и анти-стресен ефект на душекот.

Bambino - идеален душек за вашето дете

  • бонел јадро од пружини
  • душек наменет за детски креветчиња
  • мек тип на душек
  • навлака со Тенцел® влакна за антибактериско дејство
  • висина на душекот: 17 цм

Детскиот душек Бамбино спаѓа во редот на помеки душеци. Поради самата конструкција на Бамбино душеците, особено е изразено неговото својство на циркулација на воздухот што е многу важна карактеристика за детски душек бидејќи со тоа се постигнува совршена апсорпција на влагата, а со тоа и поздрава клима при спиењето. Поради прилагодливото бонел јадро од пружини, облогата од иглен филц и специјалната еластична пена, овој душек со својата конструкција обезбедува најоптимална потпора на детското тело со што е овозможен мирен сон и нормален развој на детето. Стандардната навлака е проткаена со Тенцел® влакна за антибактериско дејство.

Marco Polo

Марко Поло душекот во поглед на сигурноста, хигиената и квалитетот претставува најдобар избор за остварување на мирен и сигурен сон, односно за безопасна игра на секое бебе, каде и да се наоѓа. Изработен е од најквалитетни, здравствено испитани, антибактериски материјали и не содржи механички крути елементи. Составен е од два главни слоја - средишно јадро од полиестерски (ПЕС) памук и ТЕНЦЕЛ® ткаенина, односно горна навлака од антибактериско плетиво навлечена на јадрото. Користените Тенцел® влакна исто така обезбедуваат исклучителна регулација на температурата и извонреден пренос на влагата што обезбедува опуштен сон кој одмара, односно добар почеток на новиот ден на бебето. Исклучително е погоден за машинско перење до 40°C, лесен е за пренесување во соодветна торба, со што го олеснува престојот и сонот на најмладите членови на вашето семејство каде и да патувате.

Sleepy - детско патно креветче

повеќефункционално преносно-склопливо детско креветче, едноставно за ракување:

  • поради малите димензии и
    практичната торба идеално е за
    излети и патувања
  • сигурно за детето поради високите страници
  • се испорачува во комплет со преносниот антибактериски
  • душек Марко Поло
  • може да служи како детски
  • простор за играње
  • димензии 125 x 65 x 75 цм
  • димензии на склопено креветче во торба за
    носење 23 x 21 x 78 цм
  • достапен во повеќе бои