добредојдовте во Бернарда!

Соврeмениот живот на човекот, исполнет со секојдневни задачи и проблеми, е дополнителна причина за поквалитетен одмор и сон како превентивен лек за полесно и попријатно преживување на стресното секојдневие.

Затоа, ние во Бернарда, водени со мотото "Добар сон за здрав живот", со своите производи сакаме да ви помогнеме секојдневието да ви започне со прекрасно свежо будење.

За да бидеме успешни во својата работа, во континуитет ги следиме сите научни, технолошки и светски современи трендови. Нашите производи, не се само резултат на актуелните светски трендови во производството на креветите и душеците, туку многу од нив со своите иновативни решенија поставуваат нови стандарди за здраво спиење и на тој начин одговараат на барањата на современото стресно секојдневие. Исто така, комуницираме со нашите купувачи и по продажбата, и на овој начин сме секогаш отворени за сугестии и предлози.
Целиот циклус на производство на нашите кревети и душеци, почнувајќи од секторот за технолошки развој преку дрвенарија, шиење, сунѓери, монтажа на готовиот производ до набавно-продажна логистика, прави компактна целина која гарантира конкурентност во квалитетот.

Вредноста на нашите производи e потврдена во голем дел и од извозот на европскиот пазар (во просек 85%).

Со тие производи опремени се синџири на светски хотели како што се "Астрон", "Кемпински ", "Холидеј ин", "Хилтон", "Шератон", "Интерконтинентал", "Мериот", "Фалкенштајнер", како и многу други. На хрватскиот пазар тоа се значајни хрватски хотели како "Екселсиор", "Антуновиќ", "Централ", "Дубровник", "Белви", "Панорама" и многу други, исто така се задоволни купувачи на овие производи.

Благодарение на таквото работење и искуство низ овие 20 години, од светски познати синџири на хотели, приватни апартмани и пансиони, до масовна индивидуална употреба, исто така и резултат на бројни награди и признанија на нашите производи на изложби за иновации, нашите кревети и душеци стануваат познати низ цела Европа.