каков кревет, таков сон...

Креветот нè следи од почетокот до крајот на животот, во него се раѓаме, растеме, се сакаме, одмараме, закрепнуваме и се опуштаме, лежиме и размислуваме. Исто така, факт е дека на светот постојат само две навистина важни работи: добар кревет и добар пар чевли, бидејќи ако не сме во едното од нив, тогаш сме во другото.

Предуслов за здравото спиење е правилен креветен состав кој поединечно се прилагодува на положбата и сетилата на нашето тело. Креветот и сите негови елементи (душек, подлога, перница и покривка) треба да бидат од природни материјали, трајни, еластични, удобни, со здрава клима, со добрa пропустливост на топлина и влага. Елементите на креветот треба да бидат меѓусебно усогласени според потребите, навиките и индивидуалните карактеристики на секое лице кое ќе спие на него. Со тоа се постигнува квалитетна интеракција така што во сонот сите Ваши сетила би биле задоволни, сонот би бил квалитетен, а телото одморено. Значи, од се досега наведено, лесно може да се заклучи дека со изборот на креветот истовремено одлучувате и за тоа како ќе изгледа денот кој Ви претстои. Доколку изберете некој од понудените производи во Бернарда, без сомнение, ќе се будите со насмевка на лицето, а со одењето на спиење ќе тргнете по "патот на мирните соништа".