Спиете ли здраво?

Здравиот сон е основна претпоставка за здравјето на организмот. Луѓето во просек спијат 25 години, односно една третина од животот. Свесни сме дека нашата ефективност најмногу зависи од добриот одмор. Лошото спиење, со тек на време не прави неефективни, подебели, поболежливи, а како последица на тоа и подепресивни и пораздразливи. За успешен живот, помеѓу другото, исклучително е важно со правилен ритам да бидеме будни и активни, а после тоа потребно е и да мируваме, да се опуштаме и одмараме, односно, потребно е да стекнеме добра култура на спиење и одмор.