• отпорност на горење и високи температури
  • способност за "самогасење"

Серијата Фајр резистант (Fire Resistant) (огноотпорна) е навлака произведена од ткаенини изработени со посебни постапки кои им даваат својства на негорење. Се работи за ткаенини со британски стандард на негорење (Бритиш стандард (British standard)) - Криб 1 (Crib 1) (тест на цигари), Криб 5 и Криб 7 (Crib 5 и Crib 7), кој е и највисок стандард, а се користи во нашиот бродски програм, како и за хотелите, но може да се користи и за индивидуална употреба. Огноотпорната навлака Фајр резистант истовремено има и својство на "самозгаснување" што значи дека при допир со запалена цигара на местото на тлеење се топи структурата на навлаката во негорлив "гел" кој со правилно ширење го изолира кислородот и го оневозможува натамошниот развој на огнот и истовремено го придушува. Во душеците се вградуваат и негорливи сунѓери, кокос, ПЕС вата, волна, памук и останати испитани материјали кои поседуваат атест на негорливост. Со огноотпорната (Фајр резистант) колекција опфатени се и душеците во ЛИНИЈА Наутика програмот.