Навлака на новите генерации со повеќекратно врвно дејство:

  • антибактериско – квалитетна микроклима на спиењето
  • антистатичко – неутрализација на штетното дејство на електромагнетните зраци
  • антистресно – обновување на моќта и енергијата на организмот
  • превентивно – спречување на воспалителни процеси и зајакнување на одбранбената моќност на телото

Нова супериона навлака која пружа целосна заштита од грини и бактерии на природен начин благодарение на ТЕНЦЕЛ-C влакната од целулоза кои на навлаката и’ даваат извонредни антибактериски својства и својства на хидратација на кожата. Овие влакна вишокот на влага го депонираат во самата структура така што површината исто така ја прават сува. Така задржаната влага во зависност од сувоста на кожата повторно се опушта со што на природен начин хидрира и стимулира обнова на клетките.

Со одличната регулација и промена на влагата настануваат изразено слаби услови за развој на бактерии, грини и останати штетни микроорганизми. Меѓутоа, за потполна заштита, оваа ткаенина дополнително во својата структура има вградени молекули кои во допир со влагата и солите од телото на лицето кое спие, ослободуваат кислород. Кислородните молекули агресивно се врзуваат со габите и бактериите при што физички ги уништуваат. Бидејќи габите и бактериите ги омекнуваат изумрените клетки од кожата со кои се хранат грините, во овој случај, со елиминација на бактерии и габи, грините остануваат без храна и исчезнуваат од душекот.

Со додавање на сребро во форма на вткаени нишки во навлаката Платинум кер 3Д настанува исклучително ефикасен енергетски слој за неутрализација на штетното делување на електромагнетното зрачење.

Среброто со своите антибактериски својства се користи за спречување на инфективни заболувања. Ги уништува ензимите кои се наоѓаат во составот на бактериите, вирусите и габите. Покрај тоа што претставува природен антибиотик, исто така се користи за зајакнување на имунолошкиот систем давајќи му моќност, енергија и виталност. Ја зацврстува кожата и делува превентивно во настанокот и развојот на алергии и габични заболувања одбивајќи ги честичките прашина и изумрените клетки на кожата, кои инаку се собираат на душекот, и со тоа предизвикуваат исчезнување на грините.