nautica lineдушеци за сите видови пловни средства

За да можете потполно да се одморите на вашието пловно средство и во него да се чувствувате максимално удобно и пријатно, помеѓу останатото важни се и некои неизбежни "ситници" како што се на пример квалитетот на спиењето во Вашиот морски љубимец. Затоа направете ги условите на одморот и спиењето во пловното средство подеднакво квалитетни како и во сопствениот дом.

Бернарда душеци за пловни средства – гарантира здраво спиење во сите услови

Душеците за пловни средства се изработуваат врз основа на џепчесто жичано јадро, високо еластичен сунѓер изменет со согорување (ЦМХР/CM HRсунѓер) или термоактивна пена. Производите се во сите форми и висини. Незапаливи се и овозможуваат циркулација на воздухот. Текстилните материјали кои се користат за изработка на навлаки имаат одлични антибактериски својства, а особено добро реагираат на промена на активна влага намалувајќи ја можноста за појава на мувла и габички. Производството на вакви лежаи е строго индивидуално поради многубројните, различни форми и ситуации во кои се користат ваквите лежаи. Бидејќи најчесто се работи за замена на веќе дотраени лежаи, како и вградување на нови производени лежаи од сосема различни, здрави и отпорни материјали, на секоја нарачка и се пристапува целосно студиозно. Поради таа причина секоја нарачка се обработува најпрво од нашиот тим на стручни лица и тоа во неколку фази, според договорот со нарачателот. Ваквиот начин на студиозно работење претставува гаранција за успешното постигнување на здраво спиење и одмор, дури и во најмалите простории на Вашето пловно средство.

Заштита на душекот од влага: системи на подници за пловни средства

Од причина што на пловните средства станува збор за релативно ограничени простори за сместување на лежаите, односно душеците, чести се случаите на поставување на душеци без квалитетен состав на подници, односно во некои случаи дури и без подници. За квалитетен систем на подници се смета оној кој задоволува две основни карактеристики потребни при користењето на пловните средства:

  • одлични ергономски својства: квалитетна флексибилност на подниците со цел при интеракција со душекот максимално да се поддржи потребната ергономија за здрава положба на телото при спиење
  • врвна воздушна циркулација: конструкциските решенија на подниците мораат максимално да овозможат струење на воздухот под самиот душек со што се обезбедува сува атмосфера. На таков начин значително се намалува опасноста од акумулирање на непожелна влага, односно создавање на мувла, габички и непријатен мирис. Продолжен е векот на траење на леглото, а во исто време се обезбедени услови за извонредно понатамошно антибактериско дејство на душекот.

СПЕЈС - ФЛЕКС (SPACE-FLEX) систем

Системот Спејс - флекс извонредно ги задоволува сите потребни барања. Негова понатамошна важна предност се извонредно малите димензиии на неговата висина која изнесува само 2цм, што го прави идеален за примена во пловните средства со многу тесни простории. На тој начин можно е да се постави квалитетен креветен систем во случаи кога ни производителот на пловното средство не ја има предвидено употребата на подници во самите лежаи.

Bernarda Marine Froli LTX

Системот на подници се заснова на таканаречениот латофлекс (latoflex) систем, посебно обликуван за потребите на пловните средства. Со употреба на единечни латофлекс елементи (летвички од ламелирано дрво) прицврстени со пластични пружести граничници, се зголемува еластичноста на подницата, т. е. се осигурува независност на движењето помеѓу летвичките. Системот не користи рамка за прицврстување на поединечните елементи со што е овозможена извонредна воздушна циркулација, односно здрава и хигиенска атмосфера.

Од причина што граничните пружести елементи се меѓусебно поврзани, не е потребно нивно прицврстување за подлогата на леглото. Заради "мекиот" спој помеѓу таквите елементи, подниците со намотување може лесно да се извадат (во случај на употреба на евентуален отвор под леглото), при што на тој начин зафаќаат минимален простор.

Bernarda Marine Froli FS

Благодарение на пластичните пружести сегменти кои исклучително лесно се спојуваат со соодветните елементи за поврзување во мрежа која во целина ја прави подницата, се постигнува максимална сегментна еластичност. Сегментната (точкаста) еластичност добиена со овој состав овозможува максимално ергономско прилагодување на леглото-душекот за секоја промена на положбата на телото на лицето кое спие.

Елементите се произведуваат со две основни категории на тврдост: меки и средно тврди. Со вградување на затегачки елементи степенот на тврдост може исто така и индивидуално да се зголеми според потребите на лицето кое спие во саканите зони.

Основен пружест елемент со големина 13x13 цм е предвиден за внатрешни подни површини, додека на рабовите, особено искривените или асиметрични (како што најчесто се среќаваат кај лежаите во пловните средства) се користат мали парчиња со димензија 13х5 цм. Со комбинација на помали и поголеми пружасти елементи и нивно фиксирање за подлогата, може да се изолираат отворите на подлогата со што остануваат потполно функционални без потреба за отстранување на подниците за време на употреба на отворот. Особена предност на системот Бернарда Марин претставува едноставната монтажа без потреба од квалификувано лице.