Анатомска перница со врвен квалитет

Бо целост е прилагодена на анатомските и биолошките потреби на лицето кое спие

  • помага во превенција на разни заболувања
  • ги намалува болките во вратот, главоболка, вртоглавица...
  • одржува оптимални микроклиматски услови
  • делува антибактериски и антистресно
  • го намалува статичкиот електрицитет

Анатомската перница ПОСПАНКО во целост е прилагодена на анатомските и биолошките потреби на лицето кое спие. Дава оптимална поддршка и се прилагодува на вратниот дел од `рбетот така што може да биде составен дел и помош во превенција на различни заболувања или во намалување на постоечките тегоби како што се: болки во вратот, главоболка, вртоглавица или трпки во рацете. Се состои од термоосетлива виско мемори пена во која се вградени полиуретански спирални пружини за оптимална поддршка и рамномерна положба на вратниот дел од `рбетот. Благодарение на ваквите пружини, постигнат е ефект на воздушна пумпа долж целата перница: спиралните пружини под притисок од перницата истиснуваат влажен воздух, а вовлекуваат сув воздух со што е овозможено извонредно својство на промена на влага во воздухот.

Во стандардна верзија се изработува во Силверлајн (Silverline) навлака, а може и со Хидрофаст (Hydrofast) навлака.

Стандардно се произведува во две величини: 70 x 40 цм или 50 x 40 цм.