ergotest

novi način individualnoga odabira optimalnoga krevetnog sustava

Како од понудените различни модели на кревети да го одбереме токму оној кој нам ќе ни одговара?

Со соработка на Шумарскиот факултет во Загреб, Заводот за мебел и дрвени производи и компанијата Бернарда, започна заедничката работа во употребата на најновите софистицирани методи - мерна опрема Ерготест, која овозможува одредување на оптималниот кревет за секое поединечно лице.

Мерната опрема Ерготест се состои од систем на мерна еластична прекривка со вградени сензори за притисок и мерно-управувачки уред со помош на кој системот е поврзан со компјутерот за обработка и приказ на измерените податоци.

Како функционира Ерготест?

Начинот на работа е многу едноставен. Најпрво се поставува и се зацврстува прекривката на избраното легло кој испитаникот сака да го испита. На тој начин може веднаш кај пробното легло да го утврдиме притисокот помеѓу креветот и човекот. Површината на притисокот е многу лесно воочлива, обоена графика на екранот на компјутерот, а резултатите можат да се напишат и споредат. Измерените вредности програмски се обработуваат, а резултатот е лесно разбирлива претстава за распределбата на притисокот помеѓу човекот и леглото.
Како заклучок, со употреба на мерната опрема Ерготест, можно е со лежење на одбраното легло и мерната простирка да се добие прецизен рецепт за својот "кревет од соништата".

Raspored pritiska kod leđnog položaja tijela kod optimalnih madraca