бебе душек

bambino

идеален душек за вашето дете


Детскиот душек Бамбино спаѓа во редот на помеки душеци. Поради самата конструкција на Бамбино душеците, особено е изразено неговото својство на циркулација на воздухот што е многу важна карактеристика за детски душек бидејќи со тоа се постигнува совршена апсорпција на влагата, а со тоа и поздрава клима при спиењето. Поради прилагодливото бонел јадро од пружини, облогата од иглен филц и специјалната еластична пена, овој душек со својата конструкција обезбедува најоптимална потпора на детското тело со што е овозможен мирен сон и нормален развој на детето. Стандардната навлака е проткаена со Тенцел® влакна за антибактериско дејство.

  • бонел јадро од пружини
  • душек наменет за детски креветчиња
  • мек тип на душек
  • навлака со Тенцел® влакна за антибактериско дејство
  • висина на душекот: 17 цм