медицински душек

futura medico

извонредно мек повеќезонски душек


Со комбинација на висококвалитетен латекс и повеќезонско џепчесто јадро, во овој душек постигната е оптимална потпора на телото што овозможува помирен сон без многу вртење, зошто телото не мора инстиктивно да се мести во покомфорна положба. Двострано обложено со латексиран сисал (влакна на агава), плоча од латекс и висококвалитетна фротирна пресвлека, го прават овој душек мек и удобен за спиење. Латекс, материјал врз база на каучук, овозможува речиси совршено приспособување на телото. Единствената структура му дава особено еластични својства со што се овозможува непречено опуштање на мускулатурата на телото. Поради слабата пропустливост на воздух и влага, максималната дебелина на латексот е 3 цм, што во комбинација со повеќеслојното џепчесто јадро, му дава на душекот идеални хигиенски својства.

Стандардната навлака на овај душек е од Тенцел® влакна за антибактериско дејство и збогатено со алое вера за регенеративно дејство.

  • анатомски медицински душек
  • 5-зонски џепчести јадра од пружини
  • спаѓа во редот на помеките типови душеци навлака со Тенцел® влакна збогатена со алое вера
  • латексирани влакна на агава (сисал)
  • обложување со извонредно удобен
  • перфориран латекс
  • се препорачува на лица потешки од 50 кг
  • височина на душекот: 21 цм

Антибактериски душек – ефикасно делува против бактерии, габички и грини.

Повеќезонски душек – распоред на џепчестите пружини со различна тврдост во повеќе зони во јадрото на душекот за поквалитетно ергономско прилагодување на анатомијата на телото на лицето кое спие (повеќе зони, поквалитетна ергономија).

Душек кој според стандардите ги задоволува здравствените норми за правилно и природно ергономско прилагодување на анатомијата на `рбетот при лежење.

Навлака за душекот со патентен затворач – за полесно отстранување на навлаката на душекот при проветрување или перење и хемиско чистење (во зависност од навлаката).