медицински душек

lahor

за удобен, здрав одмор и релаксација


Специфично обработена ткаенина прошиена со природен памук и вата, џепчести јадра, латекс, ПУ (PU) пена и облоги од влакна на кокосов орев го вбројува овој душек во редот на најквалитетните душеци конструирани за чување на здравјето. Латекс, материјал чија база е каучукот, овозможува скоро совршено приспособување на телото. Единствената структура му дава посебно еластични својства со што се обезбедува непречено опуштање на мускулатурата на телото. Поради послабата пропустливост на воздухот и влагата, максималната дебелина на латексот е 3цм, што на душекот му дава идеални хигиенски својства.

Стандардната навлака на овај душек е од Тенцел® влакна за антибактериско дејство и збогатено со алое вера за регенеративно дејство.

  • анатомски медицински душек
  • џепчесто јадро со пружини сместени во памучни џепови
  • потврд медицински душек
  • навлака со Тенцел® влакна збогатена со алое вера
  • Летно/зимска страна
  • облога од латексиран кокос
  • се препорачува на лицата потешки од 50 кг
  • височина на душекот: 26 цм

Душек кој според стандардите ги задоволува здравствените норми за правилно и природно ергономско прилагодување на анатомијата на `рбетот при лежење.

Антибактериски душек – ефикасно делува против бактерии, габички и грини.

Душек со летно – зимска страна: душек што се врти зависно од годишното време – на едната страна под декоративната ткаенина има слој со памук на кој се спие во летниот период (памукот – разладува), додека спротивната страна е со волнен слој под декоративната ткаенина и се користи во зимскиот период (волна – грее).