бебе душек

piccolino

Детски душек со ароматераписко дејство


Мек тип на душек наменет за деца од претшколска возраст. Облога со абака влакна (т. н. морска трева) на ткаенина од јута, природен материјал од растително потекло, што му овозможува на душекот максимална мекост проследена со анатомски и ергономски својства кои одговараат на потребите на детето. Благодарение на присутноста на етеричните растителни есенции во влакната, абака душекот поседува својства на антибактериско дејство, со што потпомага за телесното и духовното здравје на лицето кое спие. Освен тоа, дејството на природното влакно абака не е подложно на статичко електризирање како синтетичките материјали, и токму затоа обезбедуваат чувство на благопријатност, притоа елиминирајќи го чувството на жештина и потење.

Благодарение на комбинацијата на користени материјали, душекот ја задржува и регулира телесната температура на лицето кое спие, притоа ја презема на себе влагата (потта), која поради врвните услови за струење на воздухот не се задржува во структурата на душекот.

Иновативната PLATINUM CARE 3D FOR KIDS навлака проткаена со сребрени нити обезбедува врвен анти-бактериски, анти-статички и анти-стресен ефект на душекот.

  • бонел јадро со пружини
  • душек наменет за детски креветчиња
  • мек тип на душек
  • облога од полиуретанска пена и абака влакна
  • антибактериска навлака
  • висина на душекот: 23 цм

Антибактериски душек – ефикасно делува против бактерии, габички и грини.